И за време на празниците уживајте со најдобрите пријатели - книгите! Еве кои се најнови наслови во охридската Библиотека

 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид годинава и покрај пандемијата од Ковид – 19 благодарение на  Министерството за култура кое одвои највисок буџет досега за набавка на нови книги  од недела во недела можевме и можеме драги читатели да ве израдуваме со бројни актуелни наслови. Така е и на крајот од оваа 2020 година.
 

 Во „новото нормално“  ви препорачуваме и во деновите на славење и празнување да одвоите време за читање. Тоа што не е можно во реалноста со книгите  е возможно, ќе  откриете нови светови.
 

Со честитка за среќна Нова година Ви презентираме уште девет нови наслови: „Тајни на летната ноќ“ од Лиса Клејпас – Сакам книги, „Суво мастило“ од Владимир Илиевски – Македоника литера, „Роман“ од циклусот „Луѓе од Милано“ од Моника Де Флор , „Идол на ѕидот“ Елена Филиповска – Сигма прес, „Без каење“ Хувер Колин , Сакам книги, „Песната на речните птици“ Лиса Вингејт – Сакам книги, „Поглед низ прозорецот“ од Никола Алтиев – Академски печат, „„Драма во ловот“ од Чехов – Мартина и „Црвена сестра“ од Мери Џулија Петеркин – НАМА Прес.

Среќна Нова 2021 од вработените во НУ Библиотека „Григор Прличев’ – Охрид.