Фото на насловна - Охрид, 1966та

  Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна датира од пред повеќе од педесет години. 

Еве како изгледало крајбрежјето пред педесет и четири години, кога доминира зеленилото, природата, чистиот водух. Тоа било време на послаба населеност на градот, на сосема малку градби, неразвиена урбанизација, а сето тоа резултирало со многу природност, чистота и свежина.

Охрид, 1966та година. Фотографијата е позајмена од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".