EXO ONE - футуристичко возило кое ќе го реши проблемот со метежот

 Дизајнерот Пјотр Чижевски знае што значи да си заглaвен во сообраќаен метеж и да не можеш да најдеш паркинг место. Затоа решил да го отстрани тој проблем со своето електрично возило за само еден човек ЕXO ONE, во надеж дека ќе ги замени големите автомобили кои ги преплавуваат патиштата.

  EXO ONE е футуристичко возило дури и според стандардите за 2020 година и е наменето за отстранување на многу еколошки и општествени проблеми кoи ќе ги имаме во годините што доаѓаат. Моторот е генијално поставен во задното тркало со цел да се заштеди на простор внатре. Возилото има три тркала и може да достигне 0-60 км/ч за 3 секунди. Тоа ќе му овозможи лесно да навигира низ сообраќајниот метеж. Иако електричната батерија може да издржи со 130 км со едно полнење, автомобилот има и 126 соларни ќелии.

 Компактниот дизајн е наменет за само еден човек. Не само што EXO ONE нема емисија на штетни гасови, туку малите димензии овозможуваат полесни паркирања во гаража, на паркинг или на улица. Можеби е мал, но EXO ONE исполнува исти безбедносни стандарди како повеќето големи возила. Има сензори за стемнување и за дожд, напредна навигација и помош за слепи точки. Кабината има дисплеј за сите функции на возилото, плус мапи. Ја следи состојбата на батеријата, досегот и количината на енергија која оди од соларните панели до батериите .

(Inhabitat)

(фото: Czyzewski Design screenshot)

Извор: www.inovativnost.mk