Фото на насловна - охридското крајбрежје, 30-те години на минатиот век

 Време е за нова фотографија на нашата насловна страна.

Овој пат, нашиот избор е фотографија од 30-те години на минатиот век, која го прикажува охридското крајбрежје.

Многумина ќе речат, тоа било убаво време, дури подобро и од денешното, поради природните убавини кои тогаш доминирале, зеленилото, богатството од вода, треви, дрвја, чие присуство денес е сведено на минимум. 

Ретките фотографии од извесен период од минатото на градот, во секој случај се убави за потсетување или за спознавање на една друга стварност, која сега е далеку зад нас. 

Фотографијата за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски.