Познат идентитетот на крадецот кој провали во црквата "Св. Илија" во Велгошти

 СВР Охрид информира дека поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, на 27.11.2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип.

 Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава. Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба 
во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти, охридско, и во црквата „Св.Никола“ во с.Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица претходниот ден.