Експресно обновен споменикот "Солза на Роза"

 По налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“. 

- Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувството и почитта за 15-те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот „Илинден“, на 5-ти септември 2009 година, изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој експресно реагираше во обновувањето на споменикот.