Кактуси - главен тренд во уредувањето на ентериери

 Еден од најдобрите начини да се чувствувате како да сте во поголема или подобра околина е да го имате најдобриот ентериер. Добрата вест е дека најновиот тренд во светот на растенијата ги вклучува и оние кои го ценат минимализмот повеќе од било што. Неколку реномирани професионалци од светот на дизајнот гласаа дека кактусот е нешто што мора да се има во домот.
 
 Најважниот фактор што треба да го имате предвид при изборот на вашиот совршен дизајн на ентериер е можноста да бидете креативни. Во никој случај не сакате да се разбудите за три месеци, презаситени со желбата целосно да го промените дизајнот на вашиот ентериер. Токму заради ова, трендот на уредување на домот со кактус станува неизбежен.

 

hortikultura.mk_Cactus-in-interiors_3
hortikultura.mk_Cactus-in-interiors_4

 

Ви претставуваме 7 начини како можете да го употребете кактусот во вашиот дом:

  • Можете да ги задржите заради нивниот класичен изглед.
  • Вообичаено е да ги поставите на одредени места во домот.
  • Создадете спротивставени карактеристики со гламурозни метални елементи со различни бои.
  • Закачете ги во висечки садови или во корпи на таваните и sидовите.
  • Секогаш чувајте ги вашите растенија природни и спојте ги со прекрасни керамички детали.
  • Бидете уметнички расположени и создадете смели детали користејќи исушени кактуси.
  • Секогаш се стремите кон практичен, но убав изглед, кој е уникатно ваш, со додавање на женски или машки бои.

 

hortikultura.mk_Cactus-in-interiors_6
hortikultura.mk_Cactus-in-interiors_7

 Со вклучување на многу популарните кактуси во вашиот дом, добивате свежина што носи со себе одредена возбуда. Придружете се на светските трендови и оживејте ја вашата куќа со тоа што ќе внесете голем дел од природата во ентериерот. Советите што ви ги презентиравме се само основни упатства и затоа бидете креативни и вашата фантазија ќе го заврши остатокот од работата.
 

Извор: www.hortikultura.mk