Охриѓани, и во овие тешки времиња да ја покажеме нашата хуманост - да спасиме млад детски живот!

 Денес на социјалните мрежи е споделен статус на професорка од средното училиште ОЕМУЦ "Св. Наум Охридски", во кој се апелира на хуманост на граѓаните, во борбата да се спаси животот на еден ученик од оваа установа.
 
Го поддржуваме овој апел, со надеж дека охриѓани, и сите други читатели кои се во можност, ќе помогнат во спасувањето на младиот, детски живот. Го пренесуваме во целост нејзиниот статус:
 
- Во овие тешки времиња на светска пандемија, како да заборавивме дека другите болести се уште постојат, дека има луѓе кои се разболуваат и од други болести. Другите болести постојат, тие се тука и луѓето секојдневно се борат со нив.
 
 
Никола Колоски е ученик во прва година во средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид и се бори за својот млад живот, под итно му се потребни средства за сложена операција во Германија.
 
 
Секој хуман граѓанин кој може да оддели од својот скромен буџет, средства по своја желба, може да ги донира на следнава ж-ска:
 
 
СТОПАНСКА БАНКА 200002622926552
 
 
ВИ БЛАГОДАРИМЕ !
Младинска организација при
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид