Направете здрав и вкусен десерт - бомбици со урми без шеќер

 Во нашата кујна овој пат ви нудиме брз, вкусен и што е најважно, здрав десерт. Бомбици со урми и ореви, комбинација која создава богат вкус, и ги задоволува вашите гурмански сетила.

 За подготовка на овој десерт потребно е:

200 грама урми без семка 
200 грама мелени ореви
30 грама какао
лажица рум 

 Ако урмите не се свежи, потребно е претходно да ги ставите во вода, околу еден час. Потоа добро е да се исечкаат на ситни парченца.  Доколку имате моќен блендер може сите состојки да ги ставите заедно да се измелат, при што ќе добиете малку леплива смеса, од која формирате бомбици кои се валкаат во какао или во мелени ореви. И, десертот е подготвен за дегустација! На Здравје!