Фото на насловна - Охрид во времето на дрвените кајчиња

 Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна датира од пред повеќе од педесет години, а на неа е претставен познат охриѓанец од минатото, кој, меѓу другото, изработувал и дрвени кајчиња. 
 
 Според описот на фотографијата поставена во фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", збор е за Стефан Димзо кој имал свој дуќан на улицата "Самоилова" каде ги изработувал охридските кајчиња. Запишано е дека фотографијата е направена далечната 1967 година.