Согласно планираните тендерски процедури и потребниот временски период за подготовка на документацијата, реконструкцијата на улицата се очекува да започне во текот на пролетните месеци од 2021 година.
Со одлуката за алоцирање на средства во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” на Општина Охрид и се одобрени и ќе и бидат доделни вкупно 1.073.218 евра. Според пропишаните услови, средствата треба да бидат наменети за градежни работи, надзор и проектирање во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура со која ќе се овозможат подобри услови за граѓаните од општината. Врз основа на направените анализи и проценки на локално ниво, во текот на наредниот период ќе биде одлучено дали со овие одобрени средства, покрај реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ ќе бидат реализирани и дополнителни инфраструктурни проекти.
На повикот за доставување на апликации за финансирање на проекти од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид аплицираше и со проектот за реконструкција на улицата „7 Ноември“ од пресекот со улица „Егејска“ до пресекот со улица „Железничка“; проектот за изградба на локален пат од село Свиништа до црквата „Св. Богородица“; проектот за Реконструкција на локален пат за село Куратица; проектот за реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино и проектот за реконструкција на локалниот пат што води од регионалниот пат Охрид ‒ Св Наум до автокампот Љубаништа.
Извор: www.ohrid.gov.mk