Магичните бои на есента во убавото Велгошти (фото)

 Есента е богата со многу плодови, со многу подготовки за зимата, но и со бескрајно убави пејзажи исткаени од бои кои ја топлат душата и измамуваат на прошетка во природа.



 Денес бевме на кратка прошетка до охридското село Велгошти, кое е познато по големиот број цркви и манастири, кои во секој дел од годината се привлечни за посета, за краток одмор, за филџан кафе. Речиси и нема црква која не е убаво уредена, како во внатрешниот дел, така и во своето дворно место. Ја посетивме црквата “Света Недела”, како и манастирот “Света Петка”, насладувајќи се на нивната убавина и светост.



  Не двоумете се при вашата следна прошетка да посетите некоја од црквите во Велгошти, како и да уживате во природата каде истите се сместени. Во меѓувреме, уживајте во нашите фотографии.


"Одовде Живко Чинго ја гледаше големата вода и порачуваше: Ваше е само тоа што ќе им го дадете на другите"