Почина Борис Џепароски - охридскиот уметник кој со моторна пила создаваше дела од дрво

 На 47 годишна возраст, ненадејно, во Германија почина Борис Џепароски – охридскиот уметник кој со моторна пила создаваше уметнички дела од дрво.

Борис, кој охриѓани го знаеја како Борче Џепар, беше самоук уметник, а  ќе остане запаметен по прекрасната дрвена скулптура на „Св. Наум Охридски“ што во 2006 година ја донираше на манастирот и е поставена пред самиот влез во комплексот, но и по гитарата од камен што стои покрај вечното почивалиште на Тоше Проески.



Веста за неговата смрт молскавично се рашири по социјалните мрежи, каде јавноста со неверување изразува сочувство и тага за неговото прерано заминување.