Честит 11-ти Октомври!

 Македонија денес го празнува Денот на народното востание  – 11 Октомври.

 Овој државен празник се обележува како спомен на востанието против фашизмот со кое започна борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен историски момент во кој се истакнува борбата за самобитност и самостојност на народот. Македонија во таа борба станала жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

11-ти Октомври како значаен настан од Македонската историја, се обележува со организирани свечености и прослави низ целата држава, а се положуваат цвеќиња на гробовите на паднатите борци.
Честит празник!
 

Фото: Иванка Зографина