Подгответе брзо, лесно и многу вкусно - слатко од капини!

 Есента е време на подготвување слатки зимни задоволства. Меѓу другото, во овој период, обожувани се капините кои се подготвуваат како слатко, џем или сок. 

Еве како да подготвите вкусно слатко од капини, за кое ви е потребно минимален труд и доволно трпение. 



 За 2 килограми капини потребно е околу еден килограм шеќер (тоа зависи од тоа колку се зрели и слатки капините) и 200 мл. вода. 

Капините убаво се мијат, и добро се цедат. Во садот во кој ќе се подготвува слаткото се става наизменично ред капини ред шеќер, и се остава најмалку 12 часа, време потребно капините да пуштат сок. 

Пред да го ставите да се вари, во садот се додава чаша вода, и се готви околу еден час на тивок, умерен оган. 

Варењето е до посакуваната густина која се проверува кога на тацничка ќе извадите од течноста да се излади и да ја процените густината. Свареното слатко се покрива со влажна крпа и се остава целосно да излади, по што се собира во суви, стерилизирани теглички.