Се уредуваат зелените површини на регионалниот пат Охрид - Св. Наум

 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување  на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“.

 
Акцијата  се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум и истата продолжува и денес.

 На почетокот на акцијата охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.

 Извор: www.ohrid.gov.mk