Денес календарски пристигна есента!

 По доста жешкото и сушно лето, денес, 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски започна есента.

 Во Македонија, есента официјално  пристигна во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера е есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).
 
  Есента ќе заврши на 21 декември. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од денес, постепено до 21 декември, ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисвера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември, до 11 часот и 2 минути.

 Инаку, според NOAA оваа лето ќе остане запаметено како едно од најсушните во последните децении, не само во Македонија туку и на целиот Балкански Полуостров, па и пошироко. Не само што август 2020 година беше одбележан како рекорден втор најтопол август на северната хемисфера, туку воедно беше и најтоплото лето, а светот, како целина, ја имаше и својата трета најжешка летна сезона. Според accuweather, NOAA, NASA и др., за разлика од летото, се очекува есента во јужниот дел на Балканот и во Македонија да биде релативно потопла од просекот, посебно во месеците ноември и декември.
 
 Како и да е, секое годишно време е интересно по своите карактеристики, па така, во следните 3 месеци може да уживаме во убавините и пријатните есенски денови.
 
Подготвила: Бојана Алексова, студент на наставна географија.

Извор: www.igeografija.mk