Фото на насловна - охридската Пошта пред 60-ина години

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна е уште еден доказ колку урбанистички е изменет ликот на Охрид, од пред 60-ина години до денес. 
 
Минатото на Охрид изобилува со фотографии на кои се прикажани природните убавини на градот, зеленилото кое ги опкружува малиот број големи градби, нешто што денес е обратно-пропорционално од некогаш. Денес градот изобилува со градби, наспрема зелени површини, кои навистина недостигаат за да се врати умерената клима која беше карактеристична за нашиот бисер. 

 Фотографијата ја прикажува охридската Пошта од пред повеќе од 60 години, а ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", каде за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.