Заврши 19-от меѓународен музички натрпевар "Охридски бисери"

 Советникот  во  Советот на Општина Охрид, Мишел Силјановски синоќа во црквата Св. Софија присуствуваше на концертот со којшто се означи крај на годинешниот интернационален музички натпревар „Охридски бисери“.

 Силјановски  ја додели „Златната маска“  што општина Охрид секоја година ја подарува на најдобриот музичар во натпреварувачкиот дел со уверување дека и во иднина локалната власт ќе поддржува вакви музички случувања.

– Огромно е задоволството да се присуствува на вечерашниот концерт со кој се крунисуваат најдобрите музички таленти  на интернационалниот натпревар  „Охридски Бисери“ што изминативе неколку дена се одржуваше во Охрид.   Културното  наследство изразено преку музиката  претставува импозантна лична карта на секоја земја во Светот.  Токму затоа  вакви средби се особено значајни за сите нас,  затоа што преку нив се промовира и негува културното богатство и традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација. Иднина имаат само државите кои во континуитет се придржуваат кон историското наследство во сите облици. Токму затоа овие културни случувања имаат особено значење за сите нас. Високите  професионални стандарди кои се пропишани  за учесниците на овој меѓународен натпревар  влијаат на сериозноста на меѓународните натпревари  како  и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито .  Натпреварувајќи се во дисциплините, виолина, пијано и  камерна музика младите учесници   ја потврдија моќта на музиката која ги руши сите бариери. Сите тие беа многу добри во своите настапи, а на првиот меѓу најдобрите  ќе му ја подарам оваа „Златна Маска “ во знак на внимание од Општина Охрид која и понатака ќе продолжи да ги  подржува ваквите културни случувања кои ја збогатуваат туристичката разгледница на Охрид – рече Силјановски .

„Охридски бисери“  годинава се одржа по 19-ти  пат и е единствен меѓународен натпревар, член на меѓународната асоцијација ЕМСИ -Европска асоцијација на музички натпревари, од 2005 година, во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји. Токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот  „Охридски бисери“ во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат во нашата земја и во регионот. Идејата на асоцијацијата ЕМСИ уште од основањето, 1970 во Брисел, е афирмација на посебно надарени млади уметници и нивна промоција на професионалните концертни подиуми во Европа и во светот. Таа се остварува и преку организирање на семинари и мастеркласи со еминентни педагози и репродуктивни уметници, концертни турнеи, настапи со оркестри и вредни стипендии од универзитети во Европа и САД.

 

 Извор: www.ohrid.gov.mk