Фото на насловна - охридското крајбрежје, 1957 година

Уште една фотографија од минатото на Охрид ќе биде дел од нашата насловна страна. 

Станува збор за приказ на период кога крајбрежјето било ненаселено, туризмот неразвиен, а просторот природно збогатен со дрвја, трева, зелени површини. 

Фотографијата е направена од брдото Горица со поглед кон Галичица и Св.Наум, а датира од далечната 1957 година. Ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", каде за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.