Ќе се поставува втор асфалтен слој на улицата "Прва Македонска ударна бригада"

 Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности.

Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот.


Извор: www.ohrid.gov.mk