Реконструкција на крак од улицата "Даме Груев"

Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.

Во текот на денешниот ден беше поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници.

Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат реконструирани и уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.



Извор: www.ohrid.gov.mk