111 активни случаи на Covid-19 во Охрид

 Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…
 
За период од 18 до 24 јули 2020 г.: 
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 322  лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 174 лица, во општина Струга и Вевчани 71 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 77 лицa.
  • Од вкупно земените материјали, 234 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 86, Струга и Вевчани 71, Дебар и Центар Жупа 77), а 88 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН само од Охрид и Дебрца
  • Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 27 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.
  • Активни случаи во Охрид се 111,  во Струга 176, а во Дебар 117.
  • Во овој период оздравени се 36 лица од Охрид, 25 лица од Струга и 1 лице од Дебар
  • Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

 

Од почетокот на епидемијата до 24 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 745 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 258 лица во општина Охрид и Дебрца, 404 лице во општина Струга и Вевчани и 182 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 149, од Струга се 182, а од Дебар и Центар Жупа се 62 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 41, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица
 

 Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот се уште циркулира меѓу нас. Затоа од ЦЈЗ Охрид апелираат на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето.

 Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.
 

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!