Фото на насловна - перење на Езеро, 1965 година

 Време е за нова фотографија на нашата насловна страна. Овој пат тоа повторно ќе биде навраќање на минатото на Охрид, и преку фотографија претставување на моменти кои некогаш биле дел од секојдневието на народот.

Еве како во минатото се переле черги и килими во Охридското Езеро. Старите охриѓани се сеќаваат на ваквите моменти, кога најчесто на крај на летната сезона се одело на Ј`но да се перат и белат чаршафи и постелнини, а целиот ритуал бил најголема радост за децата кои уживале во игри и езерски лудории. 

Фотографијата датира од далечната 1965 година, а за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.