Асфалтирани краци од улицата "Момчило Јорданоски"

 Деновиве заврши асфалтирањето на краци од ул. „Момчило Јорданоски“во должина од 340 метри односно површина од  2000 метри квадратни.

  Станува збор за проект кој е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности  и сообраќај и улици  при општина Охрид. Вредноста на проектот е 3 000 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.  Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.

Со реализација на проектот се решава деценискиот проблем на жителите од овој дел на градот кои се движеа и сообраќаа во неадекватни услови.


Извор: www.ohrid.gov.mk