Лубеница - извор на витамини и освежување во жешките денови

 Сите оние кои внимаваат на исхраната, а сакаат вкусно освежување во жешките денови можат без грижа на совест да уживаат во лубеницата.

 Освен што е вкусна и освежителна, лубеницата е богата со хранливи материи. Можеби не сте знаеле, лубеницата е во сродство со краставиците, тиквичките и тиквите па според тоа таа е зеленчук, без оглед што има благ вкус.
 
Лубеницата го штити срцето и преставува природен регулатор на крвниот притисок. Со нејзиното воведување во секојдневната исхрана се поттикнува работењето на кардиоваскуларниот систем и имунитетот, се отстранува вишокот на маснотии, го подобрува работењето на бубрезите, односно благотворно делува на целокупниот организам.

Лубеницата е богата со витамини - А, Ц, Б6 и Б1, ликопен, бетакаротен, магнезиум и калиум.
 
Освен што е антиоксиданс, витаминот Ц и витаминот Б6 го штитат срцето, а Б1 ни дава дополнителна енергија. Магнезиумот и калиумот делуваат да се воспостави рамнотежа на крвниот притисок. Ликопен и бета каротен, кои на лубеницата и даваат убава црвена боја, позитивно делуваат на здравјето на кардиоваскуларниот систем, а најновите истражувања покажуваат дека ликопенот го подобрува здравјето и цврстината на коските.
 
Поради големото количество на вода, а малиот процент на калории – (лубеницата содржи 90% вода), идеална е за личности кои сакаат да ја намалат телесната тежина и да го исчистат телото од штетните материи. Ова придонесува да се исчисти целото тело и бубрезите.
 
Сокот од лубеница е одличен за кожата. Како што старееме така нашата кожа го губи колагенот кој е главна причина што нашата кожа добива брчки, а лубеницата е вистински извор на бета каротен и помага да се неутрализира штетата.
 
180 грама лубеница ќе задоволи околу 20% дневни потреби за витамин Ц кој помага во изградба и одржувањето на колагенот кој е главен структурен протеин во кожата.
 

Извор: https://zdravjeihrana.mk/lubenitsa-izvor-na-vitamini-i-osvezhuvane-vo-zheshkite-denovi/