Нега на болното саксиско цвеќе

  Често се случува растението во саксијата да заболи, а вистинската причина за тоа да не може веднаш да се открие.

  Праксата покажала дека најчеста причина за појава на болест кај цвеќињата е нестручно одгледување и недоволна грижа. Добро одгледуваните растенијата, кои живеат под поволни услови и 
бујно растат, могу повеќе се отпорни на болести и штетници. Вистинската причина за болеста честопати е тешко да се утврди, иако јасно се забележува дека растението е болно. Најчеста причина претставува недоволното полевање, или полевање со “тврда” вода во која има голем процент на варовник, како и полевање со студена вода. Прекумерното и недоволното полевање подеднакво му штети на растението; и едното и другото најчесто предизвикуваат жолтица и опаѓање на листовите. Исто така, болест се јавува и поради истрошеност на земјата, т.е. кога растението подолго време не е пресадено, односно кога не се прихранува, како и поради преголем студ и големи промени на температурата.

Надворешните знаци за болест на растението понекогаш можат да се забележат дури кога болеста е стадиум кога само со итна мерки може да го спаси. Пред да сè појават надворешните симптоми на болест, растението се наоѓа во болна фаза која се карактеризира со неправилности во примањето и преработка на хранливите материи. Растението во оваа фаза е многу чувствително, односно ја губи природната отпорност и многу лесно го совладува болест.

Штом се забележат и најмалите знаци на заболување кај растението, треба да му се посвети поголема грижа и нега. Полевањето треба да биде внимателно и умерено, бидејќи растението не може да го искористи истото количеството на вода кое би го користело кога би било здраво. Во спротивно може да дојде до трулење на коренот, а со тоа и до влошување на болеста.

Често е потребно болното растение да се пресади во свежа земја, но и тука треба да се постапува внимателно, бидејќи многу растенија кога се болни не поднесуваат пресадување во нова земја. Растението задолжително се пресадува кога болува од трулење на коренот или во случај кога земјата е толку лоша и исцрпена што во неа не би можело да оздрави и закрепне. При пресадувањето треба да се прегледаат жиличките и да се одсечат сите трули и изумрени делови. После ова растението треба да се стави во помала саксија во која ќе има што е можно полесна, односно попорозна земја измешана со песок. Така пресаденото растение се полева и се остава на топло и доволно осветлено место близу до прозорецот (но да биде заштитено од силно сонце). Тоа не смее да се става на темно место.

Доволно светлина, изедначена топлина, свеж воздух и умерено поливање се главни услови за постепено оздравување на растението.


Извор: www.sezadomot.com.mk