Фото на насловна - старата охридска НА-МА, 1962 година

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна, ја прикажува старата или првата стоковна куќа во Охрид - НА-МА. 

За повозрасните охриѓани, ова е потсетување на едни убави времиња, место каде луѓето се сретнувале, пазареле, разменувале охридски муабети. 

Фотографијата за јавноста ја сподели нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски, а годината на нејзиното создавање е далечната 1962.