Младите од "Вдиши театар" испратија силна порака за безбедност од Covid-19 епидемијата

 Годинешното издание на меѓународниот аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид, традиционално во месец јуни го најавуваше културното лето во Охрид, заради ситуацијата со епидемијата на COVID-19, оваа година не се одржа според својот редовен концепт.



  Младите  од театарската група на Црвен крст Охрид, на симболичен начин, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот, од предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид упатија силна порака дека тие се дел од решението, а не од проблемот, и со нетрпение го очекуваат седмото издание на „ВДИШИ ТЕАТАР“.  

- Затоа сите заедно да бидеме одговорни и совесни и покажеме дека дишењето преку заштитни маски оваа година, нема да не предомисли и обесхрабри, повторно со полни гради да ВДИШЕМЕ ТЕАТАР наредната година, порачуваат организаторите на фестивалот. 

Оваа порака младите ја испратија  и до сите пријатели и учесници на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ од организациите на Црвен крст од Суботица, Крагуевац, Учице, Требиње, Бар.