Фото на насловна - Низ охридските сокаци

 Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна е украдено парче убавина од една стара градба во новото време.
 
Станува збор за куќа која се наоѓа во познатата охридска Карабегомаала, а за нашиот портал ја овековечи Сашко Георгиески.

 Иако е збор за руинирана градба, фотографијата зрачи со топлина и љубов, за чие комплетирање, секако дека придонесуваат прекрасните охридски трендафили.