Денес се празнуваат Сите Светии - Сисвети

Денес се празнува неделата посветена на  Сите Светии – Сисвети.

Овој празник менува датум, но не и ден - секогаш се слави во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети.

 Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите Светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал.

 Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот на светците што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус Христос и за него страдале. Се совпаѓа со Петрови поклади, бидејќи една недела по Духовден започнуваат Петровденските пости.



  На манастирот посветен на овој празник во Охридското село Лешани на овој ден се прави голем собир на кој се собираат луѓе на само од Дебарца туку и од цела западна Македонија.

На овој празник именден празнуваат некои што немаат именден во календарот.