Прв смртен случај од Covid-19 во општина Охрид

 Центарот за јавно здравје Охрид во неделниот билтен за справување со Covdi-19 вирусот, за периодот од 06 до 12 јуни објави прв смртен случај во општина Охрид и 3 смртни случаи во општина Струга. 

За истиот период ЦЈЗ ги објавува следните податоци: 
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 175 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 101 лица, во општина Струга и Вевчани 59 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 15 лицa.
  • Од вкупно земените материјали, 83 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 51, Струга и Вевчани 17, Дебар и Центар Жупа 15), а 92 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 50, Струга и Вевчани 42, Дебар и Центар Жупа 0)
  • Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 34 лица, од општина Струга кај 26 лица, а од општина Дебар кај 3 лица.
  • Во Охрид има 25 пациент на домашно лекување и 9 хоспитализирани, а во Струга 22 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани.
  • Активни случаи во Охрид се 42,  во Струга 46, а во Дебар 5.
  • Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 158 лица, во Струга се 103 лица
  • Оздравени има само 1 лице во Струга


Од почетокот на епидемијата до 12 јуни 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 232 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 59 лица во општина Охрид и Дебрца, 117 лице во општина Струга и Вевчани и 56 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 53, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
-Од општина Охрид и Дебарца има 1 починат пациент, од општина Струга се починати 23, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица
 
 
Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот се уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.
 
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ! - апелираат од ЦЈЗ.