Стручните училишта со современа промоција за идните средношколци

 Пред овогодинешниот прв уписен рок во средните училишта, дел од стручните училишта во Општина Охрид преку современа промоција и кампања, ги информираат идните средношколци за наставните програми и образовните профили.

Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со порака до идните средношколци да вложат во својата иднина и да изберат стручно усовршување со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

 

 

 

 

 

 

Од СОСУ „Кирил и Методиј“ упатуваат порака до идните средношколци да се одлучат за стручно образовение, преку практична настава, проекти и современа програма.

 

 

 

 

 

 

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни, по што резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават следниот ден, односно на 30 јуни.

 

 Извор: www.ohrid.gov.mk