Фото на насловна - Чинарот некогаш

 Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна е уште еден сведок на убавото минато на Охрид. 

Вековниот чинар, низ годините и вековите преживеал многу временски прилики и неприлики, тоа е место каде луѓето се договарале да се сретнат, место каде се раѓале многу приказни од животот, сведок на љубови, разделби, добри и лоши моменти. Извесен период тука постоела и мала кафеана, која е овековечена на фотографијата позајмена од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".