Општина Охрид со јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Охрид при купување велосипеди во 2020 година

 Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2020 година („Службен гласник на Општина Охрид’’ бр.1, бр.08-815/21), општина Охрид  објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на подрачјето
На општина Охрид закупување велосипеди во 2020 година

 

  1.  Опис на јавниот повик

1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

1.2. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот,  но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „првдојден, првуслужен“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик

Право  на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпувањето на буџетот  наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2020 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

      • да е жител на општина Охрид,
      • до сега нема искористено субвенција за купување на велосипед,
      • новиот велосипед да е купен во нашата земја во периодот од објавување на повикот се до исцрпување  на буџетот наменет за Јавниот повик, но неподоцна од 30.11.2020 година.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети,  барателот до општина  Охрид  треба да достави:

– барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид:  (www.ohrid.gov.mk),

– доказ за жителство во општина Охрид, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,  фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

-изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед ,

–  оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од  објава на јавниот повик на официјалната веб стрна на општина Охрид, се до исцрпувањe на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2020година

4.2.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.

4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, секо јработен ден од 09:00 до 15:00 часот.

4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година. “

4.5. Архивата на општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година.

5.2. Општина Охрид, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2020година.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Охрид ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

(1) Градоначалникот на општина Охрид врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди.

(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.

 

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗАКУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ВО 2020 ГОДИНА

 
БАРАЊЕ