Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?

 Земјоделството е стара стопанска гранка која опфаќа одгледување на животни и растенија  со цел  обезбедување основни производи корисни за населението. 

 Како примарна стопанска дејност земјоделството е систем  кој опфаќа повеќе земјоделски активности: полјоделство, во кое се издвојуваат: ораничарски култури (житни, индустриски, градинарски и фуражни култури), овоштарство, лозарство и сточарство.

 Какао 
 
 Голем  дел од полјоделските култури, денес се секојдневие за населението во нивната исхрана, обезбедувајќи витамини, протени, белковини и сл., неопходни за функционирање на  човечкиот организам, давајќи енергија со цел да може човекот да ги извршува секојдневните активнсти, како и нивна искористеност  во фармацевската индустрија, текстилната индустрија, сточарството и сл..
 
 Во минатото, големите освојувачи, владетели, филозофи и изумители од познатиот „Стар Свет“ (Европа, делови од  Азија и Африка), покрај нивната слава,  богатство, умешност, на својата трпеза немале прилика да вкусат една цела низа на земјоделски производи. Денес, голем дел од тие  земјоделските култури се нераскинлив дел од нашата исхрана, а истите потекнуваат од Американското копно и после „Големите географски откритија“ (15 и 16 век)  се раширени низ целиот свет. Во табелата се прикажани најголемиот дел од земјоделските производи кои потекнуваат од Американското копно.
 

 
 
Користена литература:
Мијалов Р.(2008) – Аграрна географија – ПМФ, Скопје
Стојмилов А.(2005) – Социоекономска географија на Република Македонија, Скопје
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B0
http://ilike.mk/zivot/zdravje/subcategory/papaja/
 
Подготвил: Благојче Најдоски, наставник по географија

Извор: www.igeografija.mk