Се скратува забраната за движење за време на викенд

 Се скратува забраната за движење за време на викенд.

 Останува апелот на министерот за здравство  до граѓаните да се воздржат од било какви собири и да се придржуваат до сите мерки на Владата.


Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.