Се одбележува неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

 Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 мај, инициран во чест на раѓањето на основоположникот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Анри Динан, е денот кој не потсетува на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.

 Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8-15 мај, оваа година Црвен крст Охрид  ја одбележува во услови на пандемија од коронавирусот, во вонредна состојба организиран со голем број волонтери и вработени фокусирани и посветени во справување со последиците од ширење на вирусот КОВИД-19,  Секојдневно нашите тимови поддржани од бројни донатори и партнери, дистрибуираат хуманитарна помош на луѓето во социјален ризик, пружаат психосоцијална поддршка и сл.

 Посебен акцент во одбележувањето на Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина оваа 2020 година дава одбележувањето на нашиот голем јубилеј 75 години постоење и хуманитарно делувањето на Црвен крст Охрид. Во оваа прилика им го честитаме Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како и 75-годишниот јубилеј на Црвен крст Охрид на безброј имени и безимени активисти, членови, волонтери, вработени, соработници, партнери, донатори на Црвен крст Охрид кои оставиле свои траги и дале свој придонес во растежот на нашата организација.

 Глобалната кампања на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина се одвива под мотото СИТЕ СМЕ ЦРВЕНИ и во тие рамки согласно мерките и препораките во време на епидемија, ќе бидат организирани следните активности:
  • 8 мај 2020 (петок)      -           11:00 ч.                      
    • Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид)
  • 14 мај 2020 (четврток)           -           8:30-12:30 ч.  
    • Крводарителска акција -Служба за трансфузиона медицина Охрид - Општа болница Охрид