БОБ програмата на Црвен крст - Охрид - побогата со уште една генерација ученици

 И во услови на вонредна состојба, кога светот се соочува со пандемија на коронавирусот, центрите кои ја имплементираат Бреинобреин програмата ја продолжија својата работа преку онлајн настава.

 За тоа време Центарот за развој на животни вештини БОБ Црвен крст- Охрид стана побогат со уште една генерација ученици кои го завршија 10-то ниво (највисокото ниво на БОБ програмата). Станува збор за 5 ученици - шеста генерација кои ја комплетираа Бреинобреин програмата.

Како се чувствуваа Бреинобреино генијалците по објавување на резултатите за  положено десетто ниво  можеме да дознаеме од нивните изјави во продолжение:
 
Дејан Цветкоски



 Бреинобреин беше мојот предизвик. Од таа програма научив разни техники во мојот свет. Со нетрпение го чекав денот за час. Таму запознав многу другарчиња со кои и понатаму ќе се дружам. Мојот натпреварувачки дух ќе продолжи и понатаму. Во 2018 година бев првак на Македонија (најмногу решени задачи за три минути). Сега имам една обврска помалку, но ќе продолжам со моите други активности. Со леснотија ги завршив Little Bob и Bob програмата. Голема благодарност до најдобрата учителка Валентина Кузманоска која ме научи разни техники.
 
 
Иво Недевски



 Мојот почеток да бидам дел од програмата Brainobrain како да беше вчера, а всушност поминаа добри 5 години за да денес 28.04.2020 го завршив десеттото ниво и со тоа се завршува една добра целина на оваа најдобра детска програма. Во овој момент се чувствувам среќен и возбуден за положеното последно ниво. Голема благодарност за нашата наставничка која имаше трпение и љубов кон сите нас.
п.с. Да заврши коронавирусот и што побргу да го прославиме овој ден. Голем поздрав до сите.
 
 
 
Иван Синадиноски



 Денес јас сум многу среќен, бидејќи го положив десеттиот левел од оваа програма. Оваа програма мене многу ми помага за полесно учење. Преку неа јас запознав многу добри другарчиња. Јас уште повеќе уживав во посетувањето на Brainobrain бидејќи за мене секој час беше и нова авантура затоа што патував често во прекрасниот Охрид. Ќе ми недостасуваат дружбите со мојата најдобра учителка и со другарчињата стекнати преку оваа програма. Но ветувам дека кога ќе доаѓам во Охрид ќе ја продолжиме нашата дружба, а ве очекувам и вас кај мене во Прилеп.
п.с. Среќен сум што сум првиот прилепчанец со завршен десетти левел и комплетирана Brainobrain програма.
 
 
 
 
Илина Николоска


  
 Денес го положив десеттото ниво од Бреинобреин. Среќна сум што се дружев со сите вас и ќе ми недостасувате сите. ( скромно како што е и самата по природа)
 
 
 
 
Владимир Рувина



   Многу сум радосен и среќен што имав можност да ги посетувам часовите на Brainobrain. Запознав другарчиња и сите заедно ги завршивме сите 10 нивоа. На сите деца низ светот им ја препорачувам Brainobrain програмата. Исто така и мојата сестра Атина ја заврши програмата. Сега и двајцата сме побогати со вештини, брзина и концентрација. Најголема благодарност до нашата учителка Валентина без која немаше да го постигнеме тоа.
Уште еднаш голема благодарност до нашата најдобра учителка Валентина Кузманоска.
 


 
 И тренерот кој ја спроведува Бреинобреин програма доби диплома, изненадување од еден од учениците.