Четириесет години од смртта на Тито

 На 4 мај, 1980 година, во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

 Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.
 
 Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. На погребот присуствувале 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот.

 Гробот на Тито досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.