Катче за најмладите - "Грдото пајче"

   Катчето за најмладите овој пат го збогатуваме со уште  една приказна која нема кој не ја слушнал. 

"Грдото пајче" е сказна од
 данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која важи за мошне оригинален вид на биографска сказна. Првпат е објавена во 1843 година.

Својот трнлив пат низ животот и творештвото најдобро го оцртал со помош на сказната „Грдото пајче“, во 1843 година. Во оваа приказна симпатично запишува:

Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со патките, ако си се извел од јајце на лебед.

 Ваквото творештво на Андерсен одекнало низ целиот свет. Оваа сказна-биографија се смета и за сказна-манифест, па дури и за упатство за секој млад човек, без непотребно морализирање, дека секогаш патот на успехот е полн со непредвидливости, искушенија и неизвесност, но само работата е таа што ги решава сите дилеми на една животната и творечката егзистенција.

Сказната слушнете ја на следниов линк.