Редовна дезинфекција на јавните површини

Во согласност со општинскиот оперативен план за превенција од корона вирусот Ковид-19, екипите  на ЈП „Охридски Комуналец“  вршат редовна дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.

Во текот на вечерните и раните утрински часови, со средство за дезинфекција се мијат улиците и јавните површини во централното градско подрачје, стариот дел на градот и сообраќајниците во населбите и селата.

Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.


Извор: www.ohrid.gov.mk