Од печат излезе "Ова не е книга од Вандер Луст" - прво прозно дело на Мане Манушев

 Деновиве од печат излезе првата прозна книга од Мане Манушев – новелата „Ова не е книга на Вандер Луст”, во издание на ПНВ Публикации од Скопје.
 
 Се работи за новела на текот на свеста, во која на стотина страници се опишани сите мисли во главата на главниот лик, во времетраење од само две минути, додека го очекува доаѓањето на неговиот психијатар. Книгата е илустрирана и со петнаесетина авторски фотографии на Мане Манушев.


 
 Мане Манушев е роден 1983 година во Велес. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Пишува поезија, кратки раскази и активно се занимава со фотографија и проучување на ирскиот јазик. Во 2013 година ја објавува неговата прва стихозбирка „Ќе“ во издание на „Антолог“. Дел е од европската поетска платформа „Версополис“, а неодамна стана член на Шкотскиот ПЕН центар. Ова е негова прва прозна книга, пишувана во периодот 2001- 2003 год. Живее, работи и твори во Шкотска.