Фото на насловна - Градиште некогаш

 Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна ја позајмивме од приватната фототека на нашиот сограѓанин Климе Белкоски. 

Градиште некогаш -  стои во описот на фотографијата чиј датум на создавање не е откриен, но е факт дека станува збор за едно подалечно минато, бидејќи Градиште денес ни малку не наликува на она што некогаш било. Секако дека времето си го прави своето, но спомените го чуваат минатото од заборав, а многумина тврдат дека некогашниот изглед и живост на ова место е далеку поубав од денес. Дали и вие ќе се согласите?