Како се пресметува датумот за Велигден?

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот календар или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.
 
 
Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови. На Првиот вселенски собор во Никеја, 325 година било одлучено Велигден да се прославува на ист ден во сите помесни Православни цркви, и тоа во првата недела после првата пролетна полна Месечина. Исто така, востановено е дека „Оној кој ќе ја слави Пасхата заедно со Јудејците, без разлика дали е епископ, презвитер или ѓакон – да му се одземе чинот.“
 
Промената на календарот довела до тоа Христијаните на запад најчесто да ја слават Пасхата пред оние од истокот, и при тоа најчесто во истовремено со јудејската Пасха, што е повредување на одлуката од Првиот вселенски собор. Дури и оние помесни Цркви кои го прифатиле грегоријанскиот календар, ја задржуваат пасхалијата по јулијанскиот календар.
 
Обврската за пресметување на денот на празнување на Пасхата е доверена на Александриската Црква, поради тоа што во тоа време Александрија била позната по астрономите кои живееле таму; таа го објавува денот на другите помесни Православни Цркви.
 
Во периодот од 1900 до 2100 година прославата на Велигден е помеѓу 4 април и 8 мај.
 
Еден од начините на пресметување на датум на кој се паѓа Велигден според Јулијанскиот календар ја дал математичарот Карл Фридрих Гаус. Алгоритмот според кој се пресметува е следниот:
 
G = година за која се пресметува датум на Велигден
 
R1 = G mod 19 (Остаток при делење на годината со 19)
 
R2 = G mod 4
 
R3 = G mod 7
 
RA = 19 R1 + 16
 
R4 = Rа mod 30
 
RB = 2R2 + 4R3 + 6R4
 
R5 = RB mod 7
 
RC = R4 + R5
 
Велигден е на ден: Ако Rc < 28 Велигден е на датум Rc+3, ако Rc >= 28 Велигден е на датум Rc-27 Ако Rc < 28 Велигден е во месец април, ако Rc >= 28 Велигден е во месец мај.
 
http://mk.orthodoxwiki.org
 
Приготвил: Глигорије Џилвиџиев
 

Извор: www.igeografija.mk