Козињак (милиброд) - рецепт

 Велигденската трпеза не е целосна ако на неа изостанува традиционалниот козињак. Веруваме дека домаќинките веќе подготвиле се што е потребно за утрешната празнична трпеза, но добар рецепт за козињак секогаш е добредојден и може да биде мотив да го направат и помалку храбрите кои до сега не се обиделе.

За нашиот рецепт потребно е: 

4 јајца
300 мл.млеко
1 и 1/2 свеж квасец
рендана кора од 1 лимон
1 лажица рум
1 ванила
80 грама маргарин
80 мл.масло за јадење
200 гр. суво грозје
300 гр.шеќер претходно стопен во млекото
џем (пекмез) за штрудлата
1 кг. брашно

Квасецот претходно треба да биде втасан со малку шеќер и млеко. Сите состојки се замесуваат (освен сувото грозје и џемот), се прави средно меко тесто и се остава да стаса околу 1,5 часа. Потоа повторно се размесува и уште еднаш стасува. Откако и втор пат ќе стаса, се прават плетенки и штрудла, по желба, па и тие стасуваат. Премесувањето се врши со намрсени раце. 

Се пече на 180С 15-ина минути, а потоа температурата на рерната се намалува на 140С, и се пече уште 20-ина минути. 

Добар апетит!