Посно, брзо и мноогу вкусно - торта со јаболка и ореви

 Се уште сме во период на Велигденски пости, па за сите верници кои постат, но и за останатите сладокусци, овој пат од нашата Кујна ви нудиме посна торта со јаболка. 
 
Подготвувањето на овој десерт е брзо, лесно и едноставно, а резултатот е навистина неодолив вкус. 
 
За подготтвувањето на тортата потребно е: 
 
3 рендани јаболка
15 лажици шеќер
15 лажици млака вода
15 лажици брашно
100 грама сецкани ореви
100 грама гриз
1 прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
1 чаша масло за јадење (200 ml)
 
Сите состојки се мешаат во еден сад, па потоа смесата се истура во намрсен калап за печење и се пече 30-ина минути. После печењето се наросува со шеќер во прав. 

Добар апетит!