Езерото, огледало за облаците (фото: Сашко Георгиески)

 Природата има моќ над сите нас, и над целата човекова уметност. Нејзините творби имаат убавина која восхитува, и е неповторлива.

 Природата го создала Охрид како место каде во секое годишно време се креира магичност од прекрасни пејзажи.

 Дека е така, најдобро сведочат фотографиите, во кои многумина наши сограѓани умеат на перфектен начин да ги овековечат убавините.

 Вечерва уживајте со фотографиите на нашиот сограѓанин Сашко Георгиески, кој преку нив мошне умешно ја внесува пролетта во нашите домови.