Црвен крст - Охрид со благодарност до сите помагатели во борбата за справување со корона - кризата

 Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид.

  Маските, пред сḕ, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи а 100 маски се дадени за употреба на припадниците на СВР Охрид.

 -Упатуваме јавна благодарност до сите општествено-одговорни компании од градот кои несебично донираат помош која понатаму се дистрибуира до социјално-ранливото население, велат од Црвен крст Охрид.