"КОВИД-19 Дневници" - проект на група автори од Охрид

 Од денес, започна проектот на група автори од Охрид, насловен како „КОВИД-19 Дневници“.

 Во рамките на face book групата со истиот назив, авторите Ве покануваат на патешествие во услови на пандемија пренесено преку дневниците од повеќе ликови. Идејата е секој ден да се објавува запис од дневник на една личност и начинот на кој се справуваат со условите на карантин, полициски час и пандемија.

Автори кои ќе се претстават со своите дела се Мерсиха Исмајлоска, Гордана Балеска Трифуноска, Маја Мојсова, Јордан Коцевски и Дамјана Видическа.

Ве покануваме да ја посетите фб-страницата и да го прочитате првиот запис Дневник во време на Корона од Мерсиха Исмајлоска и се надеваме дека ќе ги следите внатрешните мисли пренесени на хартија на останатите ликови.

Истовремено ги покануваме оние кои пишуваат да ни се приклучат во иницијативата, велат основачите на проектот.